Инвестицијата на ТАВ се одвива согласно планираното

Bez autora
Jan 04 2011

Реконструкцијата на аеродромот "Александар Велики" се одвива согласно договорот со турски ТАВ и објектите навреме ќе бидат готови, дури некои од нив и пред предвидениот рок. За време на обиколката која ја спроведе заедно со претставници на концесионерот ТАВ, вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски и министрите Миле Јанакиески и Зоран Коњановски, премиерот Груевски ги посети делот од пистата што се доградува, и новиот терминал, карго-терминалот, административната зграда и нова противпожарна и спасителна станица за воздухоплови кои се во градба. Изградбата на објектите треба да приврши некаде меѓу јуни и септември. Дел од објектите ќе бидат готови во мај и јуни, а дел во септември и октомври годинава, така што засега се оди според планот. Ќе се инвестираат вкупно над 120 милиони евра само во Скопје и Охрид, плус средствата што ќе бидат неопходни за изградба на штипскиот карго-аеродром.

Инвестицијата на ТАВ се одвива согласно планиранотоРеконструкцијата на аеродромот "Александар Велики" се одвива согласно договорот со турски ТАВ и објектите навреме ќе бидат готови, дури некои од нив и пред предвидениот рок, оцени премиерот Никола Груевски по обиколката на објектите во градба на Скопскиот аеродром.

За време на обиколката која ја спроведе заедно со претставници на концесионерот ТАВ, вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски и министрите Миле Јанакиески и Зоран Коњановски, премиерот Груевски ги посети делот од пистата што се доградува, и новиот терминал, карго-терминалот, административната зграда и нова противпожарна и спасителна станица за воздухоплови кои се во градба.

- Изградбата на објектите треба да приврши некаде меѓу јуни и септември. Дел од објектите ќе бидат готови во мај и јуни, а дел во септември и октомври годинава, така што засега се оди според планот. Ќе се инвестираат вкупно над 120 милиони евра само во Скопје и Охрид, плус средствата што ќе бидат неопходни за изградба на штипскиот карго-аеродром - изјави Груевски.

Тој посочи дека продолжувањето на полетно-слетната писта на Скопскиот аеродром ќе овозможи слетување на интерконтинентални летови со што, како што рече, ќе се зголеми категоризацијата на аеродромот и ќе се овозможат повеќе приходи и повеќе летови, но и повеќе можности за граѓаните.

- Се гради и десет пати поголем терминал за патници од постојниот кој располага со 4.000 квадратни метри, како и карго-терминал со 10 пати поголем капацитет за стоки кој ќе има капацитет од 40.000 тони годишно - истакна Груевски.

Премиерот Груевски додаде дека изградбата на аеродромот во Штип ќе почне по завршувањето на потребните мерења согласно стандардите на ЕУ. Времето кое е неопходно затоа, посочи, веќе е започнато да тече од минатиот април.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik